28/03/2024
Охрид

Успех на учениците од „Христо Узунов“ на XLII Школа „Млади Физичари“

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид учествуваа на XLII Школа „Млади Физичари“, што се одржа на 9 ноември во рамките на настанот: Ноември – месец на науката, што ја организира Друштвото на физичари на Р.Македонија.

Имено, 29 ученици се претставија со вкупно 24 изработки, демонстрации и експерименти, работејќи индивидуално или во парови под менторство на наставничката по физика Вера Зороска.

Изработките, демонстрациите и експериментите беа изложени во трговскиот центар Skopje City Mall каде што сите посетители на трговскиот центар имаа можност да ги набљудуваат.

Сите ученици успешно ги претставија своите проекти, притоа покажувајќи широки познавања од предметот физика.

Во конкуренција на повеќе од 130 проекти од ученици од целата држава, голем број од учениците при ОУ „Христо Узунов“ – Охрид се закитија со награди.

Од 9-то одделение беа нагредени следните ученици: Шишкоски Кристијан – I награда, Трифуноски Даниел – II награда, Андрееска Елена – III награда и Наумоска Маја – пофалница.

Од 8-мо одделение со награди имаа среќа да се закитат: Илиевска Евгенија и Исакоски Борче – II награда, Абас Аделаи и Никлеска Сара – III награда, Митрески Филип и Дукоски Виктор – III награда и Митаноски Теофан – III награда.

Учениците имаа можност да следат и интересни предавања во просториите на Природно-математичкиот факултет, да се дружат со врсници од целата држава со кои имаат слични интереси и на тој начин да поминат квалитетно време исполнето со наука и забава.