16/04/2024
Охрид

Успеси на учениците од ОУ „Христо Узунов“ на регионалниот испит по математика и физика

И оваа година учениците од ОУ „Христо Узунов“ од IX одделение под менторство на наставниците Ирена Бачева – математика и Вера Зороска – физика успешно учествуваа на десетиот регионален испит по математика – физика за добивање стипендија за упис на Јахја Кемал Колеџот во Струга.

Во конкуренција од околу 130 ученици, од деветте учесници од ОУ „Христо Узунов“ учениците го постигнаа следниот успех:

  • ученикот Филип Ѓорѓески, освои второ место на тестот математика, петто место на физика и трето место од двата теста по математика-физика.
  • Кристијан Шишкоски освои четврто место од испитот физика и седмо место од двата испита математика-физика. Двајцата ученици се стекнаа со право на упис со стипендија и парична награда.

Останатите ученици постигнаа солидни резултати од кои, освен стипендистите, ученичките Сања Јовеска, Елена Андрееска и Емилија Секулоска се најдоа меѓу првите 20 ученици и се здобија со право на упис без приемен испит.

Им честитаме на сите ученици и им посакуваме многу успех и понатака. – велат од училиштето.