23/04/2024
Охрид

Успешно реализирана крводарителската акција во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“

Исклучително успешна беше денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид и Службата за трансфузиологија од Охрид се реализираше во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“ во Охрид.

„Со почитување на протоколите и мерките за заштита од Ковид-19, 61 хумани наши сограѓани од кои 8 млади, првократни крводарители, даруваа од драгоцената течност. Крвта ќе биде наменета за лекување на пациенти во здравствените установи во Охрид, но и за пациенти од Охрид кои се лекуваат на скопските клиники.

Изразуваме голема благодарност до крводарителите и сите учесници на денешната крводарителска акција, како и до ОУ „Григор Прличев“.

Напоменуваме дека сите оние кои прележале инфекција со Ковид-19 и сакаат да даруваат конвалесцентна плазма, тоа можат да го направат секој понеделник во Службата за трансфузиона медицина во Општата болница Охрид, каде бесплатно ќе им биде определен и статусот на антитела на Ковид-19.“ – информираат од Црвениот крст – Охрид.