19/04/2024
Охрид

Утре ќе бидат затворени за сообраќај неколку улици во Охрид

Поради завршната  активност „Ден без автомобили“, предвидена во Европската недела на мобилност“  во недела (22.09.2019 година)  во период од 08:00 до 14:00 ќе бидат затворени за сообраќај неколку улици во Охрид.  Улицата  „Македонски Просветители“ од кружниот тек кај Охридска Банка па се до кружниот тек кај пристаниште, заедно со дел од ул. „Коста Абраш“  од пресекот на оваа улица со улицата „ Цар Самоил“ до рампата кај споменикот Фаќач на крст .Затворена за сообраќај ќе биде   и дел од улицата  „Димитар Влахов“  од пресек со ул. „ Кузман Јосифовски Питу “ до пресек со  ул.„Македонски Просветители“.

Во пешачка зона времено  ќе биде претворена улицата „Македонски Просветители “ каде покрај возење ќе биде забрането и паркирање автомобили. Граѓаните ќе можат слободно да  пешачат, да возат  велосипед , ролери , а најмладите  слободно да го искористат овој простор за нивните игри.

Општина Охрид ги повикува  сите граѓани да учествуваат во одбележување на  Светскиот ден без автомобили.

Настанот ќе биде обезбеден од службени лица на СВР Охрид .