Утре ќе биде промовирана книгата „Манастирите во Дебарско – кичевската епархија“

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 26 декември 2021 година, во манастирот св. Климент и Пантелејмон – Плаошник – Охрид, на празникот на „Св. Праотци; св.мч-ци. Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест“, ќе се служи света архиерејска литургија.

На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на повеќе Архиереи на МПЦ-ОА.

По повод јубилејот 40 години архиереј и 70 години на Митрополитот г. Тимотеј, ќе има промоција на книгата „Манастирите во Дебарско – кичевската епархија“.

Програма

07:30 Утрена богослужба

08:45 Дочек на Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан со Архиереите на МПЦ-ОА.

09:00 Света архиерејска Литургија

Во 11:00 часот промоција на книгата „Манастирите во Дебарско – кичевската епархија“

Промотор: Архиепископ г.г.Стефан.

Дебарско – кичевската епархија има особена чест да Ве покани на промоција на книгата „ Манастирите во Дебарско – кичевска епархија“.


WebOhrid / 24.12.2021 / Дебарско – кичевска епархија