24/04/2024
Спорт

Утре ќе се одржи 19та Меѓународна регата во кајак кану на мирни води „Охрид 2019“

Утре (17.08.2019 година), во Охрид ќе се одржи 19та ИЦФ Меѓународна Илинденска регата во кајак кану на мирни води „Охрид 2019“ во организација на Кајак кану клуб Стрмец од Охрид.

На настанот ќе учествуваат екипи од Полска, Бугарија, Србија и Македонија. Регатата е во машка и женска конкуренција, а натпреварувачите ќе се натпреваруваат во дисциплни К1, К2, Ц1, Ц2. Во рамки на регата, ќе се одржи и меморијален маратон на 2000 метри, во чест на починатите кајакари. Настанот ќе биде со почеток во 8:30 и истиот ќе се реализира на патеката од пристаниште до каналот Студенчишта.

Се апелира до сопствениците на пловни објекти да имаат разбирање, со цел успешно реазлизирање на настанот, а во интерес на спортот.