19/04/2024
Охрид

Утре ќе се служат литургии за празникот Богојавление – Водици

По повод 19ти јануари, Богојавление- Водици (петок) ќе се служи света архиерејска златоустова литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско со почеток во 08:00 часот.

Света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:00 часот. Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ нема да има богослужба тој ден.

Во 09:45 часот поаѓање на литијата кон градското пристаниште. Во 10:00 часот на градското пристаниште ќе се изврши голем Богојавленски водосвет. Во 12:00 часот групно крштевање на „Сараиште“.