24/04/2024
Охрид

Утре ќе се служи архиерејска литургија по повод празникот Собор на сите македонски светители

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 04. Октомври 2020 година (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ со почеток во 08:45 часот. На литургјата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј во сослужение на Митополитот г.Петар и Епископот г.Климент.

Поради настанатата состојба со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание.