18/04/2024
Охрид

Утре ќе се спроведе вежбовна активност за боево гаѓање на стрелиштето Бејбунар

Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре (15.10.2020 година) од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар“ ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање. Оваа активност ќе се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори“.

Утре, пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом“.

Се молат граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.