29/03/2024
ОхридСтруга

Утре прекин на сообраќајот на стариот пат Охрид-Струга поради снимање филм

Продуцентската куќа ДНФ ФИЛМС е во фаза на продукција на игран филм со наслов “ПРЕЕКСПОНИРАНО”. Филмот е во режија на Елеонора Венинова и е поддржан од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Деновиве снимањето се одвива на локации во Охрид и неговата околина.

ДНФ Филмс ја известува јавноста дека поради снимање на дел од филмот, на ден понеделник 17.08.2020 од 6:00 часот наутро до 15:00 часот, регионалниот пат P1208 – делница: Охрид – Струга (стариот пат) ќе биде затворен за сообраќај во двата правци, а сообраќајот пренасочен.