25/04/2024
Македонија

Утре во НУБ „Св.Климент Охридски“ комеморација за поетесата и новинарка Лилјана Дирјан

Утре во 12 часот во НУБ „Св.Климент Охридски“ во Скопје ќе се одржи комеморативна седница по повод смртта на истакнатата македонска поетеса и новинарка Лилјана Дирјан…

Дирјан почина вчера во Скопје, на 64-годишна возраст. Во литературата ќе остане запаметена како автентична поетеса, застапена во антологиите на македонската поезија и во многу меѓународни изданија.

Како еден од основачите на Друштвото на независните писатели, како долгогодишен уредник на списанието „Жена“ и како една од основачите и уредниците на познатото списание „Саревски тетратки“, Лилјана Дирјан зад себе остави незаборавна трага за во книжевноста и литературното поврзување на регионот.

Погребот на поетесата и новинарка Дирјан ќе се одржи в сабота.