09/12/2024
Охрид

Утрешниот ден (28 ноември) прогласен за ден на жалост во Охрид, по повод смртта на владиката Тимотеј

Советниците денес ја одржаа четириесет и деветтата вонредна седница на Општина Охрид. Седницата започна со едноминутно молчење, а единствена точка на дневниот беше одлуката за прогласување на 28 ноември за ден на жалост, по повод смртта на владиката Тимотеј.

Сите културни, забавни, спортски  и други настани и манифестации за утрешниот ден, ќе бидат откажани на целата територија на општина Охрид.


WebOhrid / 27.11.2024