19/04/2024
Македонија

Утревечер македонска премиера на „Танц фест 2018“

Во рамките на „Танц фест 2018“, утревечер (11 април) со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар ќе се одржи најновата премиера на „Скопје танцов театар“, насловена „Егзистирање“. Овој балетски перформанс е составен од три кратки кореографии, а во трите дела настапуваат младите танчери на Скопје танцов театар …

Првиот дел кој е во времетраење од 10 минути, е насловен „What happened to …self?“ и е по кореографија на Јакуб Муњко. Вториот дел, кој трае осум минути, е со наслов „БЕЗ Стоп“ и е во кореографија и режија на Матеа Киселичка. Третиот дел „Егзистирање“ е во кореографија на Рисима Рисимкин, а костимите ги изработи Благој Мицевски.

Во рамките на годинашното издание на „Танц фест“ кое започна на четврти април, застапена е програма со исклучителни уметници и танцови компании од Франција, Швајцарија, Словенија, Австрија, Латвија, Литванија, Чешка, Полска, Унгарија, Словачка и Македонија. Фестивалот ќе се затвори со гостувањето на француската компанија „Покемон“ и претставата „Тишина…на турнеја сме“, на 23 април во Mакедонскиот народен театар со почеток во 20 часот.