19/04/2024
Македонија

Утревечер во МНТ гостува Народно позориште од Белград со претставата „Царството небеско-епика балканика“

Претставата ја обработува српската епска поезија. Режисерот Јернеј Лоренци ја обработува оваа тема, како што се вели во најавата, поради љубовта кон древните приказни и песни, како први документи на нашата цивилизација …

Претставата се игра на две локации. Првата локација е на големата сцена во Македонски народен театар со почеток во 19:00 (траење 90 минути), и втората локација е Младински културен центар во кино „Фросина“ во 21:00 (траење 45 минути).

Во главните ролји настапуваат Олга Одановиќ, Наташа Нинковиќ, Нада Шаргин, Хана Селимовиќ, Бранко Јериниќ, Бојан Жировиќ, Никола Вујович, Милутин Милошевиќ и Славен Дошло. Билетите се пуштени во продажба, а може да се купат само на билетарницата во МНТ.Цената на билетот е 1000 денари.