28/03/2024
ОхридСпорт

В.д. градоначалникот Константин Георгиески ги посети Спортските училишни игри

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, ги посети учесниците на спортските училишни лиги, што се играат во балон салата кај ОУ „Григор Прличев“.

„Гледајќи ве човек, весели и ведри, подготвени за натпреварување, му се полни душата, му се буди надежта дека ваквите настани придонесуваат во развивањето на спортскиот и здрав дух. Затоа во мое име сакам, на сите учесници, организатори, наставници и професори да Ви посакам успешен почеток на пролетниот дел од спортските училишни игри,“ – истакна в.д. градоначалникот Георгиески.

Пролетниот дел на училишните спортски лиги за основни и средни училишта започна во петокот. Спортските лиги започнаа со натпреварите во футсал, а се играат во балон салата „Климент Колески“ од 09 до 12 часот.

Организатор на училишните спортски лиги е Сојуз на училишен спорт Охрид, а се реализираат под покровителство на општина Охрид.