20/04/2024
Охрид

Вандалски оштетен новиот дрворед на „Туристичка“

Непознати лица на вандалски начин го оштетија ново засадениот дрворед од јасени на „Булевар Туристичка„ (на потегот од кружниот тек на пресекот со „Стив Наумов„ до пресекот со „Ариф Мустафа„) .

Оштетени се 15 дрвја чии стебла се деградирани со остар предмет.

Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета и нагрдени се јавните зелени урбани површини и бара сторителите да бидат санкционирани.