20/04/2024
Дебрца

Василица по традиција одбележана во Општина Дебрца

Во чест на св. Василиј Велики или меѓу народот познат како Василица, традиционално како и секоја година во општина Дебрца се дели баничка со паричка од страна на кумот кој претходната година го пратеше најмногу среќа и берикет. Кумата Цвета Симеонова Филипоска која беше најсреќна изминатата година истакна дека паричката и донесе многу среќа, здравје и бериќет.

Според стариот обичај, од баничката секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Ристо Наумоски од Одделението за правни прашања и општи работи е најсреќен во новата година од општинската администрација. Тој од колективот доби неколку подароци меѓу кој и икона со ликот на “Св. Богородица”.

Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе го прати среќа во текот на целата година.

Градоначалникот Ногачески  на сите православни христијани им го честита празникот Василица и посака многу здравје, среќа и бериќет во Новата 2019 година.