24/04/2024
Македонија

Вечер посветена на еминентни личности во МАНУ

Еминентните личности и присутните гости со свои обраќања ќе ги поздрават: д-р Шемсеттин Шекер, директор на Турскиот културен центар „Јунус Емре“, академик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите и Роберт Алаѓозовски, министер за култура на Република Македонија …

Во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите вечерва во 20 часот, во организација на Институтот Турски културен центар „Јунус Емре“ – Скопје ќе се одржи „Вечер посветена на еминентни личности во Македонија“-поети, писатели, уметници до научници, академци во Република Македонија.

На свеченоста која ќе биде во чест на академиците Луан Старова, академик Ферид Мухиќ, академик Влада Урошевиќ и Лидија Кумбараџи Богојевиќ, разговорот ќе го води проф. д-р Александар Прокопиев. Почесните гости пак ќе зборуваат за творештвото на еминентните академици, додека поканетите гости ќе имаат можност за интерактивно учество во програмата.

Еминентните личности и присутните гости со свои обраќања ќе ги поздрават: д-р Шемсеттин Шекер, директор на Турскиот културен центар „Јунус Емре“, академик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите и Роберт Алаѓозовски, министер за култура на Република Македонија.