Вечерна богослужба и света литургија за празникот Свети Еразмо Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денеска во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Свети Еразмо Охридски. Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Литургијата е со почеток во 19:00 часот.

Утре, 15ти јуни (петок), со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.