24/04/2024
Охрид

Вечерна богослужба на Прочка

На 18.02.2018 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, во вечерните часови, беше отслужена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Вечерната, според одамна воспоставената традиција, сите присутни си побараа прошка еден од друг, та со дадено простување и со чисто срце да зачекорат во очистителните води на претстојниот Велигденски пост. Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

Од утре, понеделник до четврток ќе има едноцрквие во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.

– Утрена со часови и вечерна ќе има во 7:00 часот и

– Големо повечерие со канонот на Св.Андреј Критски во 16:00 часот.