19/04/2024
Охрид

Вечерва Балкански караван за промоција на турската култура

Во име на зачувување на добри пријателските односи и соживот на Балканот кои се проткаени со силни историски врски преку традиционални културно-уметнички активности, а со цел да се овозможи промоција на турската култура од страна на општина Кучукчекмеџе во соработка со институтот Јунус Емре и општина Охрид, вечерва, на градскиот плоштад „ Св. Климент Охридски“ од 17 до 19 часот, се орагнизира проект насловен како „ Балкански караван“.

Во рамки на проектот „Балкански караван“, ќе се прикажат народни ора од различни предели на земјата, куклена претстава Хаџиват и Караѓоз, дервишки танц, исто така прикажување на техники на уметностите Ебру, Бакар и Калиграфија.

Со цел подобро да се почуствува турската кулурна традиција посетителите ќе бидат послужени со турско кафе, османлиски маџун и шеќерен памук.