19/04/2024
Македонија

Вечерва календарски почнува зимата

Вечерва во 22 часот и 48 минути на северната полутопка настапува зимската краткодневица, со што календарски започнува зимата. Во исто време на јужната Земјина полутопка почнува летото.

Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 36 минути, до 20 март 2023 година, кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.