29/03/2024
Охрид

Вечерва ќе биде спуштена завесата на 58-то издание на „Охридско лето“

Со театарската претстава „Илијада“ од Хомер, во режија на Јернеј Лоренци, а во копродукција на Словенечкиот народен театар – СНГ Драма Љубљана, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва ќе биде спуштена завесата на 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата „Илијaда“ е иновативна и величествена. Колку што е класична, толку е и инспирирана од европската театарска авангарда, со суптилни совети на модерната историја на Балканот. Изведбата започнува како концертна верзија на една опера, актерите во формална облека, седат на столици, раскажувајќи ја крвавата историја за „Илијада“ на микрофони. Микрофоните не се само за да се збогати звукот на зборовите, туку целата изведба е изградена од музика и поетскиот ритам хексаметар, слично како отчукувањата на срцето и одекот на коњскиот кас. Раскажаниот вовед полека прераснува во едно целосно театарско доживување со една универзална релевантна нишка кое е препознатливо за целата публика.

Претставата ќе се одигра на Античкиот театар со почеток во 21 часот.