20/04/2024
Охрид

Вечерва ќе се одржи манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Вечерва во атарот на црквата Св. Петка пред спомен обележјето на Живко Чинго во село Велгошти ќе се одржи традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“.

Во рамки на случувањето предвидено е обраќање на претставник од општина Охрид по што ќе биде врачена наградата „Живко Чинго“ на авторот на најдобриот расказ по претходен конкурс објавен од општина Охрид. Беседа за великанот ќе одржи проф. д-р Катица Ќулафкова, а е предвидена и културно –уметничка програма.

Организатори на настанот се општина Охрид и МЗ Велгошти.

Почетокот е закажан за 20 часот.