20/04/2024
Охрид

Вечерва ќе се одржи собир на граѓани од Урбаната заедница „Билјанини извори“

Вечерва (26.03.2018) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница – 8 „Билјанини извори“. Собирот ќе се одржи во зградата на Општина Охрид, сала 1.

Урбаната Заедница – 8 „Билјанини Извори“ го зазема источниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток со ул. „Стрелиште“, од Запад ул. „Јане Сандански“, од Север „1 Градски Ринг“ (ул. „Карпош Војвода“) и од Југ булевар „Туристичка“.

УЛИЦИ: ул. „Јане Сандански“ – десна страна од бр. 36 (кружен тек кај „Мини Маркет“) до бр. 96 пресек со ул. „Карпош Војвода“, ул. „Карпош Војвода“ – десна страна од бр.2 до крај, булевар „Туристичка“ – десна страна од почетокот до кружниот тек кај „Мини Маркет“, ул. „8 Септември“, ул. „Лазо Трпоски“, ул. „Мирче Ацев“, ул. „Ванчо Питошески“, ул. „Галичица“, ул. „Никола Карев“, ул. „АСНОМ“ – до пресек со булевар „Туристичка“.