Вечерва „Ничија земја“ на МНТ се игра во Благоевград
Вечерва, Македонскиот народен театар со претставата „Ничија земја“ во режија на Александар Морфов учествува на Меѓународниот театарски фестивал „Тара-ра-бумбиа”, што од 11 до 19 мај се одржува во Благоевград, Р. Бугарија …
На ова шесто издание на фестивалот, фокусот е ставен на младите автори и експерименталната младинска програма со мудри естетски изрази.
Покрај младинската програма, на фестивалот беа прикажани претстави со класични и современи текстови. „Тара-ра-бумбиа“ е единствениот од ваков вид театарски фестивали во Бугарија, чија мисија е да им помогне и да им даде можност за докажување на младита театарски уметници да ја покажат храброста и да експериментираат на независната сцена.