Велешкиот театар со „Вдовицата се мажи“ гостува во Бугарија
Вечерва во 20 часот, Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес ќе настапи на сцената на Драмскиот театар во Трговиште, Бугарија со комедијата „Вдовицата се мажи“ според „Мечка“ на А.П.Чехов, во режија и адаптација на Младен Крстевски…
„Вдовицата се мажи“ е комедија на карактери која изобилува со брзи дијалози, силни емоции и ненадејни пресврти. Претстава за едноставната комплексност на човековата природа, за тенката граница помеѓу омразата и страста, за човекот кој честопати знае да биде чуден, а прекрасен и туѓ на себе.
Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката е на Снежана Митова. Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.