24/04/2024
Охрид

Велгоштанец со возило излетал од патот Охрид – Кичево

На 29.01.2022 во 21:45 часот на магистралниот пат А3 Охрид-Кичево, кај месноста „Карпа“, патничко возилио „фиат“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(43) од охридското село Велгошти, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото е извршен од страна на увидна екипа од полициска станица Охрид.


WebOhrid / 30.01.2022 / СВР Охрид