23/04/2024
Охрид

Велгоштанец упатил сериозни закани кон припадник на шумска полиција кој му одзел бесправно сечени дрва

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(20) од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“.

Тој, на 24.12.2020 година, телефонски упатил сериозни закани по животот кон припадник на шумската полиција од Охрид, кој претходно, извршувајќи работни задачи, му одзел бесправно сечени и нежигосани дрва.