28/03/2024
Македонија

Велигденска честитка од претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев

Претседателот на Единствена Македонија д-р Јанко Бачев упати честитка по повод Велигден. 

„Во името на Единстена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до сите православни христијани по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.

Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја ослободиме македонската света земја која е окупирана од внатрешни и надворешни сили кои немаат никаква почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.

И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на религиозните посебности, а помирувањето во македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата заедничка иднина.

Водени од оваа верба, силно веруваме дека следниот Велигден ќе го дочекаме во слободна Македонија, а наша должност како Македонци е да ги зачуваме највисоките национални, државни, традиционални и духовни вредности на Македонија и Македонците како библиски народ и библиска земја“. – стои во честитката.