19/04/2024
Струга

Верниците го исполнија манастирот „Пресвета Богородица“ во Калишта

Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица.

По тој повод од синоќа голем број верници од Охрид, Струга и околните места палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Манaстирот го посетуваат и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица.

За многу години!

WebOhrid