29/03/2024
Охрид

Верниците масовно се поклонуваат пред Св.Петка

По повод празникот посветен на Преподобната маченичка Параскева – Св.Петка, илјадници верници од вчера попладне се упатуваат кон манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, палат свеќи, се молат за здравје и среќа и се поклонуваат пред светицата.

Како и секоја година, за празникот Света Петка, во рамките на манастирот не изостана и панаѓурот со тезги каде можеше да се купат сувенири, храна и пијалоци.

Манастирот Св.Петка е сместен е недалеку од Охрид, под Илинска планина, на самата падина од ридот Олмец, а над селото Велгошти. Посветен е на св. вмач. Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8-ми август, кога е манастирската слава.

За многу години!