24/04/2024
Охрид

#ВиБлагодариме! е новата порака која денес го краси веселиот ѕид во ООУ „Григор Прличев“ Охрид

#ВиБлагодариме! е новата порака која денес го краси Веселиот ѕид во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид.

„Да бевме во можност ќе се соберевме сите 85 вработени, сите 1071 дете и нивните родители и ќе дојдевме на сите поединченo да ви кажеме дека сте хероите кои го чуваат нашето здравје.

Во име на сите нас, #ВиБлагодариме за вашата несебична пожртвуваност. Затоа ние сме #cool и #СедимеДома и со тоа ви ја покажуваме нашата почит кон вас – сите медицински лица и персонал кој работи во здравството и кој деноноќно будно се борат на првата линија од фронтот. 

Освен тоа, заедно со Ученичкиот парламент и нивниот претседател Нина Стевоска IX одд и сите членови во истиот, се изработи видео во кое учениците преку пораки им изразуваат благодарност на сите здравствени работници.“– информираат од училиштето.

Видеото може да се погледне на официјалната фејсбук страна на ООУ „Григор Прличев“ Охрид. 

https://www.facebook.com/103593237852709/videos/540144196640288/