16/04/2024
Виц

Виц

Четворица другари заминале на лов. Имале 2 шатори и решиле да преспијат неколку ноќи во шумата. Арно ама никој не сакал да спие со Перо, бидејќи многу грчел додека спиел. Па решиле да се менуваат секоја вечер.

После првата ноќ, првиот останал цела ноќ буден, а другите го прашуваат што се случило. 

– Перо толку многу грчеше што цела ноќ не можев да заспијам, па само така седев и го гледав!

Втората ноќ вториот бил на ред. Утредента исто, не заспал цела ноќ, па го прашуваат другите како поминал.

– Беше неподносливо. Перо грчеше цела ноќ, без престан, го гледав и му се чудев.

Третата ноќ дошол редот на Трпе. Утрото станува наспан, одморен и одлично расположен, а пак другите го гледаат и му се чудат, како успеал Трпе да заспие воопшто, знаејќи го Перо како грчи.

– Видете вака, се спремивме за спиење, го гушнав Перо, му го штипнав газето и го бакнав во образ за добра ноќ. После тоа, Перо цела ноќ ме гледаше и не можеше да заспие!