24/04/2024
Виц

Виц

Некој стар Арап живеел повеќе од 40 години во САД. Сакал да сади компири во градината, но бидејќи бил стар немал повеќе сила за таква работа. Имал син кој студирал во Европа и решил да му пушти еден е-маил:

„Ахмед, навистина сакам, но не можам да посадам компири во градината. Сигурен сум, ако беше ти овде многу ќе ми помогнеше. Те сака твојот татко!“

Старецот веднаш добил одговор:

„Татко, немој ни случајно да копаш во градината. Таму го закопав „она“. Те сака твојот Ахмед!“

Не поминале ни 5 минути дошла целата американска војска, специјални единици, ФБИ, ЦИА. Ја прекопале целата градина, секој милиметар, но не нашле ништо.

По неколку минути стигнува нов е-маил од синот:

„Татко, сигурно градината до сега е темелно ископана, сега можеш да садиш што сакаш. За жал само тоа можев да го направам од овде. Те сака, твојот Ахмед!“