26/04/2024
Виц

Виц

Една жена влегла во продавница за домашни миленичиња. Ги разгледала сите животни, но очите и застанале кај еден прекрасен, но многу евтин папагал…

– Што е работава, зошто овој папагал е толку евтин? – прашала жената.

– Знаете, тој папагал ни го дадоа од една јавна куќа, па кој знае што се видел таму…

– Ако, мене тоа не ми смета! – рекла жената и го купила папагалот.

Штом го донела дома и, папагалот почнал да зборува:

– Нова куќа, нова Мадам…

Жената се насмеала. Дошла ќерка и, а папагалот повторно:

– Нова куќа, нова Мадам, нова девојка…

Двете се изнасмеале, кога ете ти го, дошол зетот… Папагалот повторно:

– Нова куќа, нова Мадам, нова девојка, здраво Стево…