24/04/2024
Виц

Виц

Шерлок Холмс и доктор Вотсон отишле на кампување. После вечерата и доброто вино, си легнале во шаторот и веднаш заспале.

По неколку часа, Шерлок Холмс се разбудил и веднаш го разбудил и д-р Вотсон.

Шерлок Холмс: – Еј, Вотсон, погледни го небото и кажи ми што гледаш!

Д-р Вотсон: – Гледам милиони и милиони ѕвезди…

Шерлок Холмс: – Што заклучуваш од тоа?

Д-р Вотсон: – Астрономски, тоа ми кажува дека постојат милиони галаксии, можно е и милијарди планети. Астролошки, приметувам дека Сатурн е влезен во Лав. Временски, заклучувам дека е отприлика 3 часот наутро. Теолошки, гледам дека Бог е семоќен, а ние сме мали и безначајни. Метеоролошки, мислам дека утре ќе имаме прекрасен сончев ден… А вие господине Холмс, што заклучивте?

Шерлок Холмс: – Вотсон, ти си кретен! Зарем не гледаш дека ни го украле шаторот!!!