25/04/2024
Виц

Виц

Плавуша, бринета и црвенокоса работеле заедно кај една шефица која секој ден си заминувала порано од на работа.

– Еј, девојки! Ајде денес и ние да си одиме порано! Шефицата нема да знае! – им предложила бринетата.

И така сите си заминале порано. Бринетата отишла да заврши некои работи низ градот. Црвенокосата си отишла на кафе, а плавушата си заминала право дома и го затекнала мажот со нејзината шефица. Внимателно избегала, без да ја видат, и си се вратила повторно на работа, а подоцна си се вратила дома во вообичаеното време.

– Вчера беше прекрасно! – рекла бринетата другиот ден.

– И јас се сложувам, мора тоа да го направиме пак! – рекла црвенокосата.

– А, не, никако! Мене шефицата за малку ќе ме фатеше! – рекла плавушата.