20/04/2024
Виц

Виц

Една жена влегува во аптека и му вели на аптекарот дека сака да купи арсен.

– Што ќе ви е арсен? – ја прашал тој.

– Сакам да го убијам маж ми, бидејќи ме изневерува! – му одговорила таа.

– Ама госпоѓо, ви се молам, не можам да ви продадам арсен за да го убиете сопругот, без разлика дали ве изневерува или не! – и одговорил тој.

Жената од џебот извадила фотографија, а на фотографијата нејзиниот маж со жената од аптекарот. Ја видел аптекарот и рекол:

– Јас многу ви се извинувам госпоѓо! Па, зошто веднаш не кажавте дека имате рецепт!!!