19/04/2024
Виц

Виц

Една жена се разболела, па маж и ја однесол на доктор… После прегледот докторот излегол од ординација и му соопштил на мажот:

– Вашата сопруга е многу болна, не и останало многу време, можеби уште еден месец. Ќе ве замолам да и го соопштите тоа на некој безболен начин. За да и ги намалиме болките ќе ви препишам терапија на бања, каде, меѓу другото ќе има и третман со лековита кал.

По извесно време излегла и жената од ординација, па го прашува мажот, што и е, а тој и одговара:

– Не ти е ништо, ама за секој случај одиме на бања да те мачкаат со кал!

– А зошто да ме мачкаат со кал? – прашала жената.

– Па, што знам јас, најверојатно полека да навикнуваш на земја!!!