16/04/2024
Виц

Виц

Дошла зебрата малку во Европа, да види што има, малку да се прошета. На една фарма, најпрво сретнала една крава.

– Извини, што си ти?

– Јас сум крава.

– А со што се занимаваш, за што служиш?

– Па ништо, јадам трева, после ме молзат заради млекото, понекогаш ме колат заради месото и така…

На зебрата и паднало чудно и продолжила понатака, кога таму гледа една свиња.

– Кој си ти, што си?

– Јас сум свиња.

– А за што служиш ти?

– Јас само јадам, ме гојат, и потоа пред крај на годината ме колат и од мене прават колбаси, пршки и слично.

Господ да чува, помислила зебрата и тргнала понатака, па наишла на кокошка.

– Што си ти, жити мајка?

– Кокошка.

– А ти за што служиш?

– Јас си клифкам наоколу, понекогаш ќе снесам јајце, и на крај ми ја откинуваат главата и ме печат, или така нешто слично.

Леле луд свет – помислила зебрата и тргнала понатака и дошла до една штала, а во неа коњ.

– Кој си пак сега ти?

– Јас сум коњ.

– За што служиш ти?

– Слечи ја пижамата па ќе ти покажам!