19/04/2024
Виц

Виц

Мажот добил повик од болница и дознал дека жена му е тешко повредена во сообраќајна незгода… веднаш дотрчал во болница и го пронашол дежурниот лекар…

– Докторе, ве молам кажете ми, што и е на жена ми!?

– За жал… имаме лоши вести… вашата жена е тешко повредена… ќе остане парализирана!

– О, не! Како е можно тоа докторе!?

– Ќе остане целосно парализирана… за жал, тоа значи дека ќе треба да ја храните…

Човекот почнал да плаче…

– Се разбира… ќе треба да и менувате и пелени, и тоа најмалку 5 пати дневно…

Човекот почнал да се тресе и уште повеќе да плаче…

– Освен тоа ќе треба да ја преслекувате редовно, да ја капете…

Човекот паднал на земја, почнал да вика, а докторот го фатил за рамо и му рекол:

– Абе се зезам… мртва е!!!