24/04/2024
Виц

Виц

Една селанка отишла на пазар да продава сирење. Цената кај сите други продавачи била 300 денари за кило, а кај неа 500 денари.

Дошол еден господин кај неа да купи сирење, па кога ја прашал за цената, исто така запрашал зошто е нејзиното сирење поскапо отколку кај другите, а таа му одговорила:

– Јас не се брзам!

– Сакаш ли да одиме на кафе? – ја прашал човекот.

– Може, јас не се брзам!

Испиле кафе, па човекот ја прашал:

– Сакаш ли да одиме на ручек?

– Може, јас не се брзам!

После ручекот човекот повторно ја прашал:

– Па сега би можеле еден секс?

– Може, јас не се брзам!

Завршиле со сексот, па селанката рекла:

– Леле, ко ќе одам в село, па ко ќе им кажам на оние мојне селанки, дека го продадов сирењето за 500 денари кило, а сите други по 300, па уште дека бев на кафе, на ручек, па пет пати секс…

– Чекај малку, како пет пати секс, мислиш само еднаш? – зачуден прашал човекот.

– Јас не се брзам! – му одговорила селанката.