28/03/2024
Македонија

Викендов локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

За време на викендов ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, претпладне со почести сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а од вторник ќе има пораст на дневната температура.