20/04/2024
Охрид

Висока делегација од Бугарија во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески денеска оствари протоколарна средба со висока бугарска делегација предводена од амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, генералниот конзул на оваа земја во Битола, Димитар Иванов и министерот за образование и наука,  Красимир Влчев.

Во фокусот на разговорите беа образовниот процес, проектите од областа на здравството и социјалата. Главен акцент беше ставен на проектот кој се однесува на отворањето на Центарот за аутизам во Охрид. Се разговараше и за предвидените подводни активности и испитување на дното од Охридското Езеро кои ќе ги реализираат нуркачи од Бугарија и Охрид.

Градоначалникот Георгиески беше информиран и дека од наредната студентска година ќе биде зголемена квотата на македонски студенти кои бесплатно ќе студираат во Бугарија.