19/04/2024
Македонија

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на ДЗС

Владата на Република Северна Македонија на денешната 96-та седница, одржана преку видеоконференциска врска, на барање на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе Одлука за отстапување нафтени деривати од стоковните резерви без надомест, од Агенцијата за стоковни резерви.

Со одлуката е задолжена Агенцијата за стоковни резерви да отстапи 5.000 литри Еуродизел од стоковните резерви за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување, без надомест, заради справување со појавата на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, за противпожарните возила.

Согласно Одлуката за постоење кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија и справување со непредвидливите последици, Владата го задолжи Бирото за јавни набавки да даде согласност на Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка со преговарање без објавување оглас согласно член 55 од Законот за јавни набавки, за набавка на 15.000 литри млазно гориво за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување.