Владата ја усвои Стратегијата и Акцискиот план, Алаѓозовски: Година на темелни реформи и обнова на културата

Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за развој на културата 2018-22 и Акцискиот план и практично го отвори процесот на темелни реформи,  преструктуирање и обнова на културниот систем во Македонија. „Со Стратегијата целиме кон оживотворување на нашата визија за градење едно општество за сите, децентрализација и деметрополизација на културата и пристап до неа за сите граѓани подеднакво“, истакна министерот Алаѓозовски на денешната прес-конференција…

На прес конференцијата во Владата на РМ што се одржа веднаш по усвојување на стратешките документи на седница на Владата, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски потенцираше дека во изминатите месеци се спроведени повеќе институционални акции, со кои е спречено пропаѓањето на културниот систем во повеќе сегменти и непродуктивното трошење на парите на граѓаните.

„Поконкретно изменивме 4 закони, го запревме пропаѓањето на културното наследство, ги оневозможивме клиентелистичките привилегии и стопиравме да се одлеваат пари за СК 2014. Подготвивме буџет и спроведуваме активности со кои ги враќаме долговите за да спречиме огромни камати, ги санираме објектите на културата и овозможуваме проекти на голем број актери во културата. Годинава отвораме повеќе процеси за преструктуирање на системот, во кои го очекуваме учеството и придонесот на јавноста и сите заинтересирани“, истакна министерот Алаѓозовски.

Деталите за реформите и стратешите документи може да се пронајдат и сочуваат на оваа врска: 

http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3553-2018-02-20-14-41-39