19/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Актуелната локална власт воопшто не води грижа за СРЦ „Билјанини Извори“

„Нема сфера од општественото живеење каде што Власта и градоначалникот Георгиески не ја докажаа својата неспособност.

Актуелната локална власт воопшто не води грижа за СРЦ „Билјанини извори“. Сликата којашто деновиве се гледа докажува тотална запуштеност од ЈП „Билјани Извори“ за спортскиот центар кој е обраснат со трева и тотално несреден.

Власта на СДСМ не може ни да го зачува тоа што е направено од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а не пак да изгради нови спортски игралишта и терени по светски стандарди.

Директорката на ЈП „Билјанини извори“ под итно да го реши овој проблем и да им овозможи на граѓаните безбедна рекреација.

Власта во заминување да покаже поголема грижа и барем на крајот од својот мандат нека сработи нешто во интерес на охриѓани.“ – стои во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.