24/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Георгиески и Локалната знаат дека се одвиваат градежни активности на улицата „Григор Прличев“?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Не требаше многу време за вистинското лице на Георгиески повторно да излезе на виделина кога станува збор урбанизацијата.

Дали Локалната самоуправа и Георгиески знаат што им се случува во срцето на Охрид?

Дали Георгиески и Локалната самоуправа знаат дека се одвиваат градежни активности со механизација на улицата „Григор Прличев”, веднаш до црквата ,,Свети Кузман и Дамјан”?

Активности кои се одвиваат во период кога на сила е забраната за извршување градежни активности во летниот период.

Но, како и секогаш досега, ваквите градежни зафати се случуваат за време на викендите и во шпицот на летната сезона.

Ги повикуваме Георгиески и надлежните од Власта да излезат на терен и да ја утврдат законитоста на посочените градежни зафати!

Со Георгиески нема почитување на законите, владее урбан хаос и тоа ќе заврши веднаш по неговиот катастрофален пораз на локалните избори кога никој во Охрид нема да биде над законите.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.