29/03/2024
Дебрца

ВМРО-ДПМНЕ Дебрца: Градоначалникот треба да се грижи за имотот на општината, а не да ги остава општинските ствари да се уништуваат

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца испрати нов допис во врска со прокиснувањето на балон салата во Требеништа. 

„Господинот Ногачески заборави дека е Градоначалник скоро четири години и дека негова основна работа е да се грижи за имотот на општината, а не да ги остава општинските ствари да се уништуваат како во случајов со балон салата во с.Требеништа каде што највероватно свесно изминатиов период ја остави отворена за да се уништи.

Јавноста добро знае дека во времето кога ја водеше ВМРО-ДПМНЕ општина Дебрца во таа иста сала се одржуваа различни спортски и културни настани настани каде што балон салата беше во беспрекорна состојба.“ – стои во дописот од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.